вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Донесена одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска

Донесена одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска

Владата на Република Македонија вечерва одржа седница на која донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија до крајот на 2020 година, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.

Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување.

Најнови вести