четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја дел од Сопиште

Без струја дел од Сопиште

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во село Сопиште, информира Центарот за управување со кризи.

Во соопштението се посочува дека од ЕВН информирале оти денеска од 8:30 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од улица 16 во село Сопиште во истоимената Општина.

Исто така, поради технички зафати, утре без напојување со електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите на село Чајлане во Општина Сарај, од 9 до 14 часот корисниците од улиците 35 и 37 во село Сопиште и од улица „Христо Татарчев“, подулица број 14 во Општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот жителите на улица „Мраморец“ од броевите 1 до 30 и улица “Белчишка“ од бреоевите 1 до 30 во Општина Ѓорче Петров.