недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена фалби од страна на СДСM = 100 дена лаги за инфраструктурата

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена фалби од страна на СДСM = 100 дена лаги за инфраструктурата

„100 дена фалби од страна на СДС = 100 дена лаги за инфраструктурата.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот ментор Зоран Заев продолуваат со лагите до граѓаните.

Еве предизборно што излажаа СДСМ:

АВТОПАТИ
Скопје – Блаце
Првиот дел од 2км веќе четврта година не успеваат ни да го започнат со градежни активности а да не зборуваме за завршување. Косово во исто време го заврши автопатот кон Приштина.
Гостивар – Кичево
Иако е започнат автопатот да се проектира во 2016та година еве веќе четврта година не успеваат да го допроектираат а да не спомнуваме за изградба.
Кичево – Охрид.
Единствно што остварија е потпишување на анекси за нови заеми и многу слаба реализација на истиот. Иако во претходниве 100 дена времето за градежни работи беше идеално ние веќе четврта година не можеме да видиме сериозен прогрес во изградбата на автопатот..
Прилеп – Битола
Ветен автопат но за сега ниту нема ни најави за негов почеток, веќе 4 година, ниту проектирање ниту ништо.
Градско –Прилеп,
За овој експресен пат и покрај сите ветувања од актуелната власт останаа само празни ветувања. 100 дена од владеење наСДСМ немаше никакви градежни активности на терен.
Свлечишта
Во изборната програма МОЖЕМЕ најавија дека во текот на 2020 година ќе бидат санирани свлечишта низ повеќе делниците во Македонија. Но иако станува збор за свлечишта што претставуваат голама опасност за возачите може да се забележи дека дел од најавените свлечиштата не се санирани. Како најавени, а несанирани свечишта има на делниците Крушево-Сладуево и Хамзали- Берово.

Градежништво и урбанизам:
На страница 61 во програмата ветија: „Истовремено го зајакнуваме и инспекцискиот надзор и надлежностите на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам преку воведување на регионални урбанистички инспектори.“
– за истовремено да им се случи „Мавровка“, „Матка“, „градбите на Нефи Усеини“, „Плажи во Струга“ и др. Инспекторатот нема никакви нови надлежности, никакво подобрување на работата, а пак регионални урбанистички инспектори не се ни на повидок. Една голема лага во програмата на СДС. За овој проект не требаат пари, треба само желба за реализација на ветувањето и носење на законско решение.
„Владата предводена од СДСМ во соработка со локалната самоуправа ќе продолжи да спроведува политики на хумано планирање и уредување на просторот…“ на стр. 61/62
– политика за хумано живеење е носење на ДУП за Расадник, 50 хотели во Маџар Маало и др.? Уште една голема лага на СДСМ.

Заклучок:Никакви суштински реформи во областа „градежништво и урбанизам“.
Донесениот Закон за урбанистичко планирање воопшто не ги реши проблемите во урбанизмот. Функционира само кога треба да се донесе некој ДУП каде инвеститор е некој близок на власта/градоначалникот.
Долго ветуваниот Закон за градење може да се види само на прес конференциите на СДСМ. Толку беше критикуван, а освен измени на истиот, ништо друго не се направи.
Немањето на реформи го потврдуваат и извештаите на DOING BUSINESS, каде што Македонија од позитивен пример во Европа, скоро и да не се споменува по било која реформа.
Законот за легализација заглави во пазарлукот со ДУИ.

100 ДЕНА ВЛАДА НА СДСМ – 100 ДЕНА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КАТАСТРОФАТА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ
Во изминативе 100 дена од Владата предводена од СДСМ во делот на железничкиот сообраќај не се направи ниту еден чекор напред, напротив само се продолжи катастрофата која започна во 2017 год. со доаѓањето на СДСМ на власт. Всушност, единствен “проект“ кој започна во овој период беше најавата за продажба на единствениот државен железнички оператор МЖ Транспорт АД. Врз основа на изјавите на министерот за финансии Фатмир Бесими, државата морала да ги продава државните претпријатија, бидејќи повеќе немала простор за големи задолжувања. Без никакви финансиски анализи, без стратегија што понатаму со железничкиот сообраќај, власта реши да ги продаде железниците само со цел да обезбеди средства во буџетот за непродуктивни трошоци. Средствата ќе се потрошат, а Македонија ќе остане без железница. Ова е поразително ако се знае дека се продава систем кој некој го градел 147 години, од далечната 1873 година. Ова е катастрофално за една држава која што се стреми за влез во ЕУ, затоа што нема друг ваков пример во Европа за држава без свој железнички превоз.

Во изминативе 100 дена продолжи хаосот во железниците кој го создаде СДСМ со доаѓањето на власт. Иако ветуваа многу досега ништо не направија, напротив, состојбата е полоша.

Лажни биле ветувањата на СДСМ во изминативе 2 изборни циклуси за наводни
развојни проекти во железниците:

1. Ветуваа изградба на пругата кон Бугарија – НАПРОТИВ, ЈА СТОПИРАА,
2. Ветуваа изградба на пруга кон Албанија – НЕ ЈА НИ ЗАПОЧНАА,
3. Ветуваа проектна техничка документација за реконструкција на железничката пруга
Скопје – Кичево – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА,
4. Ветуваа пуштање во сообраќај на пругата Битола-Кременица – СЕУШТЕ НЕ Е ПУШТЕНА,
5. Ветуваа брза пруга за возовите по коридорот X – СПРОТИВНО НА ТОА ГИ УСПОРИА
6. Ветуваа приградски патнички железнички сообраќај околу Скопје – НЕМА
ПРИГРАДСКИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, НАПРОТИВ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ЈА ИЗОЛИРАА МАКЕДОНИЈА,
7. Ветуваа ремонти на локомотиви и возови – СПРОТИВНО НА ТОА И
ПОСТОЕЧКИТЕ ГИ УНИШТИЈА И ПРЕПОЛОВИЈА,
8. Ветуваа почеток на изработка на проектна техничка документација за електрифиција на пругата Скопје – Блаце (граница со Република Косово) – НИШТО НЕ ЗАПОЧНАА,
9. Ветуваа набавка и инсталација на опрема за европскиот систем за контрола на возовите – ETCS (т.н. автоматска регулација на брзината на возовите) – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА
10. Ветуваа проектна техничка документација за изградба на нова пруга Миладиновци до аеродромот TAV Петровец – НЕ ЗАПОЧНАА ВАКОВ ПРОЕКТ
11. Ветуваа осигурување на патните премини – НАПРОТИВ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ.
12. Ветуваа завршување на ремонтот од Ногаевци до Неготино – НЕ ГО ЗАВРШИЈА.
Очигледно е дека оваа Влада предводена од СДСМ немаа ниту капацитет ниту волја да се справува со предизвиците на железничкиот систем во нашата држава. Не грижата за железничките возни средства и железничката инфраструктура, предизвикува непоправливи штети и го загрозува безбедното одвивање на железничкиот сектор.

ВОЗДУХОПЛОВСТВО
Три месеци влада и три месеци лаги во делот за воздухопловстото
Апсолутно нема никакво остварување за овие три месеци влада во делот за
воздухопловството. Ветија воведување на нови профитабилни дестинации преку ниско-буџетните авиокомпании, но не само што не ги донесоа туку и ги загубија веќе постоечките дестинации. Исто така споменуваа дека ќе ги дуплираат прометот, прелетите, карго летовите и воопшто дека целатото воздухопловство ќе оди во голем подем. Но, наместо тоа добивме авијација на колена со огромни рестрикции во платите, школувањата и набавката на неопходните радарски и АТМ системи.
Поради тоа оваа влада треба да понесе огромна одговорност и кривично да одговараат за катастрофалното менаџирање со пандемијата од КОВИД 19 и со тоталното уништување на воздухопловството во Македонија.
ПРЕЛЕТИТЕ се веќе 10 месеци сведени на минимум од она што беше претходно, а навигацијата наместо да се опреми со нови системи, сега не е во можност да плати ниту една рата од кредитот, платите веќе ги намалија за 30% до крајот на оваа година, а предвидувањата се дека ќе има уште поголеми кратења како на платите, така и на патувањата, школувањата и селекција на работните места. Поради КОВИД19 со кој сме и натаму упорно убедливо на првото место во Европа, авиокомпаниите ни ги откажуваат буквално сите летови кон и од Македонија или ќе бидат сведени на минимум.
Во програмата збореа за модернизација на навигациските системи, а освен препирките кои се водеа помеѓу менаџментот на навигација заедно со Драги Рашковски за земање провизија од кредитот кој требаше да се земе за набавка на нов систем преку европска банка, нема ни м од модернизација. Поради целосниот крах на прелетите над МК кои се основен извор за финансирање на навигацијата, во прашање е и набавката на неопходниот нов навигациски систем затоа што прво Владата не даде покритие и гаранција за него, а од друга страна навигацијата веќе не е способна кредитот да го отплаќа.
Понатаму во програмата на СДСМ се говори за максимална еколошка заштита која ќе биде преземена и опфатена кај сите учесници во воздухопловството. Со непромисленото прифаќање на оваа Влада на СДСМ да Македонија стане најголемиот полигон во Европа за НАТО вежби во Криволак, веќе добиеме инвазија од НАТО авиони и хеликоптери кои дефилираат низ цела Македонија, а еколошката заштита од гасовите кои ги прави согореното гориво практично е невозможна.
Се на се 100 дена влада на СДСМ= илјадници лаги за граѓаните.“

Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести