недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Атанасовски: Граѓаните земаа бугарски пасоши поради економски причини, скоро сите тие се низ земјите на ЕУ

Атанасовски: Граѓаните земаа бугарски пасоши поради економски причини, скоро сите тие се низ земјите на ЕУ

„Па веќе кога Бугарија трга да си ги заштити своите државјани во Македонија, тогаш нека ги бараат тие државјани во западноевропските земји бидејќи знаеме дека преку 95-99% од тие што побарале бугарски пасош го земале заради економски причини, а не бидејќи се чувствувале етнички Бугари“, посочи политички аналитичар Благојче Атанасовски при гостување во емисија „24 анализа“.

Атанасовски додаде за тоа пишувале и бугарските медиуми.

„Јас познавам да речеме одредени луѓе кои имаат бугарски пасош, но верувајте тоа го земале заради како што напоменав економски егзистенционални или практични причини за да одат да студираат во некоја земја на ЕУ“, дополни Атанасовски.

Најнови вести