вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МАКЕДОНИЈА СЕ ТРУЕ: Утрово смог и чад ги гуши граѓаните на целата земја додека власта со години ветува една иста лага

МАКЕДОНИЈА СЕ ТРУЕ: Утрово смог и чад ги гуши граѓаните на целата земја додека власта со години ветува една иста лага

И додека Македонија пропаѓа на секое поле граѓаните се гушат и дење и ноќе.

Утрово речиси целата земја како и главниот град се разбудија во смог и чад, а причината е загадениот воздух кој ги труе граѓаните веќе со години (не само месеци).

И додека власта предводена од СДСМ не мрднува со прст веќе со години откако е на власт граѓаните мака мачат со отежнатото дишење и труење од воздухот.

Утрово најзагаден град во земјава е Кавадарци каде имаме 139 микрограми ПМ 10 честички на метар квадратен.

Потоа следуваат Велес, Кочани и Тетово.

Најзагадени скопски општини денеска се Лисиче и Центар каде се забележува енормна загаденост на воздухот.

И додека граѓаните ги чекаат новите лаги на власта во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат идната година дотогаш ќе се потсетуваат на лагите на градоначалниците кои се залагаа за садење на повеќе дрва, трошење на пари за справување со загадениот воздух и намалување на дивоградбите…

Најнови вести