Дека и славните ѕвезди се само „обични луѓе“ докажува и оваа забавна, но непријатна приказна на австралијанскта актерка.
Актерката Марго Роби (30) во една емисија во која што гостувала ја раскажала анегдотата која што ѝ се случила, а која што била во врска со принцот Хари.
Имено, најубавата актерка на Холивуд, во емисијата „Шоу на Џими Фалон“, открила дека го сретнала принцот Хари на приватната забава на британската манекенка Суки Ватерхаус.
Тогаш британскиот принц го помешала со музичарот Ед Ширан (29). Рака на срце, сличноста постои, барем по бојата на косата.
Како што изјавила таа, дури по неколку минути разговор со Хари сфатила кој всушност е тој.
„Кога го видов со очилата, помислив: ‘О, боже, не знаев дека Ед Ширан е на забавата’. Хари многу се навреди“, раскажала атерката низ насмевка.
Потоа, Марго изјавила дека би сакала уште еднаш повторно да биде во друштво на принцот, но и неговата сопруга Меган Маркл затоа што смета дека принцот е многу духовит и забавен.