Министерството за внатрешни работи во изминатиов период презеде зајакнати репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства, но и неов властената трговија со нив, при што запленети се над 147.000 пиротехнички средства.
За неовластена употреба на пиротехнички средства предвидена е глоба во износ од 200 до 500 евра, согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додека според член 396 од Кривичниот законик за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, следува казна затвор од три до десет години.