Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска присуствуваше на панихида, богослужба за помен на починатиот Даме Груев. Богослужбата се оддржа во Русиново, Беровско.
Ковачки оддаде почит положувајќи цвеќе пред споменикот на македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев.
Од таму ќе се оддржи марш до врвот Петлец, каде што Даме Груев загинал.