петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Медиумите кренаа фама околу оваа девојка- Еве кој освен принцот Вилијам влезе во болницата пред да се породи Кејт

Медиумите кренаа фама околу оваа девојка- Еве кој освен принцот Вилијам влезе во болницата пред да се породи Кејт

Кејт Мидлтон се породи на 23 април 2018 година во болницата „Сент Мери“ во Лондон и го донесе на свет третото дете, син, тежок 3.827 грама. Таа пристигна утринава во болницата во придружба на својот сопруг, Вилијам.

Кејт првото дете, принцот Џорџ го роди 10 часа откако пристигна во родилиштетот, а Шарлот по 2,5 часа. Новинарите од рано наутро беа пред болницата кога се очекуваше раѓањето на принцот Џорџ, а за време на раѓањето на принцезата Шарлот им беше забранет пристап на новинарите на влезот на болницата. Но, за третото дете фоторепортерите и новинарите уште од рано наутро беа пред болницата очекувајќи ја веста за раѓањето на третото дете.

Инаку, бебето е роденот на ист ден кога е роден и познатиот англиски писател Вилијам Шекспир, како и на денот на Свети Џорџ, кој е национален празник на Англија.

И по породувањето со Џорџ и Шарлот, Кејт ја дочека цела армија новинари и фоторепортери пред болницата. Сите чекаа да видат како изгледа и како е облечена.

Она што англиските медиуму го тврдат е тоа дека принцезата освен со прицот Вилијам била придружувана и од уште една женска особа во болницата.

Се работи за Наташа која прво била вработена како лична асистентка на војвотката од Кембриџ, а потоа посебно се посвети на нејзиниот изглед и имиџ. Добро упатени извори тврдат дека оваа функција ја добила по сугестија на кралицата Елизабета која сакала Кејт да изгледа „повеќе кралски“.

Најнови вести