Четири месеци труд, за нивниот тутун да стигне до откупните пунктови. Стануваат среде ноќ и работат сите во семејството без одмор, надевајќи се на добра заработка.
Дојде време за продажба. Жителите на општина Долнени стојат пред продажните пунктови, но се револтирани и незадоволни од цената на тутунот. Сметаат дека нивниот труд не може да се плати со оваа цена додавајќи дека годинава цената на тутунот е најниска. Настојуваат Владата да изнајде решение, потсетувајќи ја дека се наближуваат локалните и парламентарните избори, пренесува ТВ21.
Претставникот на тутунарите, Мирсад Колашинац, вели дека се соочуваат со бројни проблеми, а еден од нив е и тоа што на производителите им го враќаат назад тутунот со послаба класификација.
Целосната објава може да ја погледнте на ТВ21.