вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Правила кои Кејт Мидлтон мора да ги почитува по породувањето

Англија денес го слави раѓањето на принцот.
Правила кои Кејт Мидлтон мора да ги почитува по породувањето

Британското кралско семејство, како и за сите посебни пригоди, така и за раѓањето на новите членови има посебни правила.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која денес во 11 часот роди син, покрај грижата за своите три деца, мора да внимава и на низа работи поврзани за самото породување.

Кејт ќе мора да ги следи следните правила за да се придржува кон долгогодишната традиција.

Прво правило: Кралицата мора да дознае прва

Пред веста да се дознае во јавноста, кралицата мора прва да дознае дека бебето се родило. Така наводно било и кога се родил принцот Џорџ, принцот Вилијам преку заштитен, кодиран мобилен телефон и се јавил на кралицата Елизабета дека добил син. Меѓутоа, пред тоа Кејт и Вилијам веста за објавиле на социјалните мрежи.

Второ правило: Официјално лице насекаде ја шири веста

Тони Еплтон ја шири веста по градот. Тоа било случај и кога се родени принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Ова правило е сочувано од времето кога дел од жителите не знаеле да читаат и да пишуваат, па весниците малку им значеле.

Трето правило: Се преферира породување во домот

Кралицата Елизабета сите свои деца ги родила во домот. Ова правило го прекршила принцезата Дајана кога своите синови, Хари и Вилијам ги родила во лондонската болница  „Света Мери“.

Четврто правило: Татковците не присуствуваат на породувањата

Породувањето се смета за исклучително „женска работа“ и на мажите им е забрането присуството.

Петто правило: Бабиците се заколнуваат на молчење

Бабиците кај кралското семејство се обврзуваат дека со никој нема да делат информации поврзани за породувањето. Се верува дека Кејт на породувањето со принцезата Шарлот има три официјални бабици, кои наводно не се можат да се поткупат кога се работи за информации.

Најнови вести