Двајца насилници во автобус на ЈСП предизвикуваат инцидент откако не носат маски а патници ги предупредуваат да стават маски за да ги почитуваат здравствените правила, пишува express.mk
Во одговор насилниците порачуваат дека тие се верници а други неверници, дека ќе ставаат во киселина, дека ќе сечат глави и дека не знаат патниците со кого си имаат работа.
Според изворот кој го објавил видеото на крајот го напаѓаат девојчето кое го снимило грозното видео со закани.
На потег е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој лесно може да ги идентификува насилниците.
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021