среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Болката во увото е голем проблем: Еве кога мора да посетите лекар и што може да направите дома

Болката во увото е голем проблем: Еве кога мора да посетите лекар и што може да направите дома

Родителите најдобро знаат колку е честа болката во увото кај децата, но и возрасните исто така подеднакво често може да се соочат со овој здравствен проблем. Не мора да имате инфекција или нешто да не е во ред со вашето уво, за да искусите болка во истото.

Најчести причини за болка во увото и нивни симптоми

  • Ушен восок: Настанува кога процесот на создавање и ослободување на восок не функционира правилно, се наталожува восок и се блокира ушниот канал. Се манифестира со болка, чувство на притисок и бучава во увото.
  • Воздушен притисок: Брзите и нагли промени во возушниот притисок, како кога влегувате во авион или лифт го исфрлаат увото од рамнотежа. Се манифестира со болка во увото и попречен слух.
  • Пливачко уво: Настанува со инфекција на надворешнот ушен канал, после капење и контакт со вода. Се манифестира со вцрвенување, отекување и чешање на увото, а може и да дојде до појава на исцедок од истото.
  • Воспалено средно уво: Настанува кога поради настинка, алергии или проблеми со синусите се затнуваат каналите на средното уво. Се манифестира со силна болка, треска и чувство на гадење. Можна е и дијареја.
  • Туѓо тело во увото: Кога туѓто тело навлегува или е заглавено во ушниот канал или подлабоко. Се манифестира со воспаление на увото и болка.

Како да ја третирате болката во увото во домашни услови

  • Ушен восок: Не користете стапчиња или било каков друг предмет за да го извадите восокот. Во домашни услови може да користите фишек за одржување на хигиената на вашите уши.
  • Воздушен притисок: Земете длабок здив, затнете ги ноздрите и пробајте потоа така да издишете преку носот. Доколку сте во авион, земете гума за џвакање. Ако сте настинати, одбегнувајте користење на лифт и патување со авион.
  • Пливачко уво: При капење или пливање заштитете ги вашите уши со соодветна капа и претпазливо користете ги памучните стапчиња.

Кога да посетите лекар?

При соочување со силна болка, минимална загуба на слухот, ѕвонење во ушите, вртоглавица, знаци на инфекција и мала покачена температура. Истовремено, веднаш посетете лекар доколку забележите леплив или крвав исецдок од вашите уши. При воспалено средно уво и туѓо тело во увото неопходно е да посетите лекар за да добиете соодветен третман.

Болката во увото е чест здравствен проблем, кој подеднакво често се појавува како кај децата, така и кај повозрасните луѓе. Иако понекогаш истата не е опасна и брзо исчезнува сама од себе, а се појавува поради промена во надворешени фактори како промените во воздушниот притисок, сепак потребно е да внимавате и да ја следите јачината и долготрајноста на болката и да посетите лекар кога истата не исчезнува.

Извор: НАНЕ