четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Како тоа директорот на Центарот за лаги во СДСМ, Александар Поповски си ја вработил својата сопруга Сандра во кабинетот во Владата?“

„Како тоа директорот на Центарот за лаги во СДСМ, Александар Поповски си ја вработил својата сопруга Сандра во кабинетот во Владата?“

Наместо copy – paste лаги, СДСМ и денес не дава одговори за партиските војници кои Заев ги плаќа со државни пари, ова денеска преку реакција во јавноста на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес-конференцијата на Димче Арсовски го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во однос на обвинувањата од СДСМ ќе истакнеме две работи: Жално е што партија на власт не разликува државен советник од платен советник. Второ, ваквите свои обвинувања ќе треба да ги докажуваат на суд каде многу лесно ќе се разграничи дека се сурова клевета и лага. Што се однесува до вистината: Како тоа, според кои критериуми и каков оглас директорот на Центарот за лаги на СДСМ, Александар Поповски, си ја вработил својата сопруга Сандра Поповска во кабинетот на премиерот. Значи сопругот пишува лаги од седиштето на СДСМ, а сопругава штанца лажни вести од Влада, стои во реакцијата.

Од партијата додаваат дека и сето тоа под покровителство на сатрапот на македонскиот медиуми средношколецот Маријан Забрчанец. Очекуваме одговор на овие едноставни прашања.

Најнови вести