Среде Скопје животот на граѓаните е загрозен.
Станува збор за лифт во катната гаража Смилевски конгрес кој е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување.
Читателите кои ни ги испратија овие фотографии се сведоци на ужасната слика која се забележува во еден од ходниците на гаражата.
За среќа засега иако нема предупредување не дошло до поголема несреќа, но дали надлежните го чекаат тоа за да преземат посериозно мерки и да се фатат за работа останува да видиме.