петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водостоите на реките во намалување, но се уште повисоки од просечните

Водостоите на реките во намалување, но се уште повисоки од просечните

Водостоите на сите реки во земјава се повисоки од просечните, но втор ден бележат тенденција на намалување. Исклучок е реката Црн Дрим на мерното место во Ложани каде водостојот е повеќе од двојно понизок од просекот за овој месец.

Позначаен пад на нивото на водата е измерен на Вардар кај Велес и на Пчиња кај Катлановска Бања.

Последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дка нема промена на водостојот на природните езера во земјава во однос на вчерашните мерења.

Најнови вести