Иако СДСМ во нејзината програма ветуваше целосно подобрување на условите на студентите преку изградба на студентски град со нови студентски домови во Скопје како и изградба на нови студентски домови во градовите низ државата каде што има седиште на државен универзитет, не само што ништо од тоа не реализираше, туку како и секоја година откако се на власт така и оваа, студентите со недели се оставаат сред зима и во испитна сесија без греење и без топла вода.
Откако СДСМ ги остави студентски домови без греење, сега се пофалија преку социјалните мрежи дека ја обезбедиле нафтата потребна за греење, која всушност е донација од компанија.
Државниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје од 4 јануари немаше греење поради технички проблем со Агенцијата за стокови резерви, а ова за еден од медиумите го признава и самиот директор Виктор Велевски.
Дека ваквите пропусти не се случајност и дека на Владата е им се битни младите и воопшто не се грижи за нив се потврдува и со тоа што ваква ситуација имаше и во 2018 кога студентите во студентските домови беа оставени две недели без парно греење и топла вода.