среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата денеска ќе ја одржи 39-тата седница

Владата денеска ќе ја одржи 39-тата седница

Владата на Република Македонија, денеска, ќе ја одржи 39-тата, тематска седница, целосно посветена на информациите за годишните програми и планови за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции, самостојни управни органи и управни организации.

На дел од точките на дневниот ред за разгледување на тематската седница ќе бидат разгледани Информацијата за Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година, Бизнис планот за 2021 година, Инвестиционата програма за 2021, 2022 и 2023 година, Информацијата за предлог-Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за 2021-2023 година и Програмата за работа за 2021 година на Агенција за енергетика на Република Македонија.

На предлог на министерството за економија, на дневен ред за разгледување, на денешната седница е ставена и Предлог-програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, како и Информацијата за Национална стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021-2027 година, предложена од ресорното министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која со почеток во 16:00 часот ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Најнови вести