петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Свети Богојавленски служби во црквите на Брегалничката епархија

Свети Богојавленски служби во црквите на Брегалничката епархија

Во сите цркви на Брегалничката епархија денеска се служеа свети Богојавленски служби. Во соборниот храм Свети Никола со службата чиноначалствуваше митрополитот на Брегалничката епархија, на којашто присуствуваа верниците.

Светиот крст годинава не се фрлаше во реките и базените, со цел да се запазат здравствените мерки, кои се дадени од Министерството за здравство.

Градоначалникот на Општина Штип,  Сашко Николов им го честита празникот Богојавление на граѓаните.

Да погледнеме во себе си, да го најдеме најдоброто во нас и несебично да го делиме со другите. Денеска свети .Јован во реката Јордан го крсти Исус Христос, и со тоа крштевањето станува една од светите тајни во христијанството. Овој празник значи духовно раѓање и верба во заедништво. Нека е честит празникот Богојавление, добро здравје и среќа на сите, порача Николов.  (МИА)

Најнови вести