четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Морам да молчам“: По обвиненијата за силување, се огласи сопругата на Мирослав Мика Алексиќ

„Морам да молчам“: По обвиненијата за силување, се огласи сопругата на Мирослав Мика Алексиќ

Деновиве како бомба одекна веста дека актерката Милена Радуловиќ го пријавила Мирослав Мика Алексиќ – режисер и сопственик на угледно училиште за глума во Белград  дека ја силувал кога имала 17 години.

Сопругата на Мика, Биљана Машиќ, актерка и професорка на Факултетот за драмски уметности престанала да се јавува на повиците и да оди на работа откако во медиумите одекна вест дека нејзиниот сопруг, Мика Алексиќ е обвинет за силување.

Имено, екипата на „Објектив“ се обидела да дојде до сопругата на Мика, но никој не одговарал на интерфонот од станот.

Сепак, еден час подоцна, Биљана се појавила пред зградата за да земе пакет од курирска служба, но кога новинарите ја прашале за коментар, таа била нерасположена.

„Јас сум негова сопруга и некако е јасно дека нема да давам изјави за тоа…Нема ништо да одговорам и да се огласувам“, изјавилa Машиќ, а на прашањето како се чувствува, таа направила кратка пауза, па одговорила:

„Не може ништо да ви кажам, ќе видиме…Ве разбирам дека си ја работите работа, но разберете дека ми е тешко. Вчера цел ден ме чекаа некои луѓе пред зградата. Јас не можам ништо да кажам. Морам да молчам“, изјавилa за „Објектив“ сопругата на Мика Алексиќ.

По некое време, таа повторно излегла од зграда, се качила во автомобил и заминала во непознат правец.

Најнови вести