Пејачката Ана Николиќ наместо да ги изненади фановите, таа ги загрижи на момент откако сите и го видоа лицето со крв.
Имено пејачката на својот Инстаграм профил сподели видео од салон за убавина каде направила третман за лице, но ни малку обичен- третман од сопствената крв.
Со овој третман лицето на пејачката треба да биде затегнато и да изгледа помладо.
„Мојот омилен третман, да изгледате убаво и младо. Ова е од сопствената крв и ништо не боли“, вели Ана во снимката.
Инаку таа откако драстично ослабе и го смени својот личен опис му се посвети и на лицето, а резултатите ќе ги видиме наскоро.