понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски со одговор до МЗ и Филипче: Премиерката Брнабиќ изјави дека илегално се вакцинира, пративте ли демант до неа

Арсовски со одговор до МЗ и Филипче: Премиерката Брнабиќ изјави дека илегално се вакцинира, пративте ли демант до неа

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски преку статус на Фејсбук ги прашува Министерството за здравство и министерот Венко Филипче дали побараа извинување од премиерката на Србија Ана Брнабиќ која изјави дека во нашата земја се врши илегална вакцинација.

-Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата Antonio Milososki што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада.
Брнабиќ: Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација.

Еве јас сакам да ги прашам МЗ и Венко Филипче бидејќи немам намера јас да се извинам, дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ?

Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина.
Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче.

Лево: (соопштение на МЗ) https://plusinfo.mk/zdravstvo-nema-ilegalna-vakcinaci-a…/
Десно: Видео со сегменти од изјави на Брнабиќ, Филипче и Заев, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата Antonio Milososki што сме објавиле изјава на…

Posted by Dimsa Arsovski on Сабота, 23 јануари 2021

Најнови вести