Расте гневот кај жителите на скопската населба Хром кон општината и градоначалникот Наумовски за Деталниот урбанистички план според кој треба да се изградат 100 нови згради. Новите објекти кои се подигаат на територија на општина Ѓорче Петров, за ѓраганите создаваат и нови проблеми- недостаток на вода, електрична енергија, излевање на канализацијата се само дел кои ги кажаа пред камерата на Алфа. Ова е спротивното од она што го вети градоначалникот Наумовски пред изборите, на чија основа ги доби и гласовите велат граѓаните.
Сведоци сме денеска на еден урбан холокауст , добра приказна – типичен пример за тоа како не треба и типичен пример деурбанизација на просторот, а сите органи кои ние ги плаќаме во општината се платени да прават урбанизација на просторот. Ова е „де факто“ деурбанизација. Постојната сегашна власт првите две години мируваше и ги почитувше гласовите на нивните избирачи. Да сега е тренд за изградба на сто нови згради пред претходна урбана подготовна која ја критикуваа дека претходно ја нема.
Самата камера ќе ви каже дека зградите,улуците се приклучени кон фекални одводници спротивно на сите правилници и со согласност на Водовод и канализација. Значи се работи за една врзана мафија спрега која што тешко да се спречи во нивната намера. Незнам како луѓето се немоќни. Вака понекогаш ќе дојде некоја новинарска екипа да се пожалат и тука престанува нивниот глас во таа агонија.
Цената ќе ја плаќаме, не само нашата генерација туку и нашите деца, затоа што Хром од една урбано регулирана населба , како што тргнаа со овие планови најверојатно ќе не направат бетонски аквариум. Децата ќе ги носат по зоолошки да видат што значи треба или обично зеленило. Мојата замисла за Хром била да биде еколошка чиста средина, урбано регулирана со ниски градби, може дефинитивно ќе се гради и се градело пред нас и после нас ама тоа да биде нормално во граници на некои урбанистички планови за да ги задоволуваат граѓаните во општините кај што живеат. Тоа беше и целата на децентрализацијата односно поблиска комуникација на градоначалниците односно структурите во општината и советниците со граѓаните. Во ситуацијата со Хром, не е тоа случај, донесени се некакви законски измени за урбанистичкиот план, односно нема никаква комуникација. Барем јас тоа што го пратам и гледам голем дел од граѓаните не биле консултирани за носење на новиот ДУП на Хром-вели Спасе Ѓорѓиевски-жител на населбата Хром.
Дека општината спровела анкета за новиот детален урбанистички план далеку од очите на јавноста тврдеше и граѓанската иницијатива „Против урбанистичкото дивеење“. Според нив, јавната анкета била спроведена тајно од 19 ноември до 2 декември минатата година и за неа, како што велат , нема ниту поднесено анкетни листови а граѓаните секојдневно имаат нова главоболка.
Од граѓанската иницијатива рекоа дека за ова ангажирале и адвокат, а наредната недела ќе побараат и ревидирање на овие урбанистички планови пред надлежните судови. Доколку општината повторно остане глува на нивните барања граѓаните се заканија и со протести.