вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Срам и брука е што нема вакцини за граѓаните, а Филипче се крие и бега

Арсовски: Срам и брука е што нема вакцини за граѓаните, а Филипче се крие и бега

Очигледна е нервозата кај власта по вчерашното видео од премиерката Брнабиќ, истакна на денешната прес-конференција насловена како „коментар на денот“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

И повторно Венко Филипче кога е фатен во сериозен скандал, бега, молчи и се крие позади празни и штури соопштенија на министерството за здравство. Со вчерашното барање за извинување Венко Филипче и министерството беа фатени во класичен офсајд, каде што ни самите не знаеја за што бараат извинување.

Доколку немало илегална вакцинација во Република Македонија, еве уште еднаш прашуваме – ЗОШТО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И МИНИСТЕРСТВОТО НЕ ПОБАРАА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПРЕМИЕРКАТА БРНАБИЌ И НЕ ЈА ДЕМАНТИРАА ИЛИ ПАК ДА РЕАГИРААТ СО ОСТРА ПРОТЕСТНА НОТА?

Дали со тоа што нема се уште демант и нема побарано извинување од премиерката Брнабиќ од страна на власта значи дека Филипче и Заев се фатени живи во сериозен скандал?

Очигледна е затоа и нервозата, но и криењето на Венко Филипче. Човекот кој не се симнуваше од медиумите и известуваше буквално секој ден на кој начин и во колку часот беа земани брисеви на тестираните, нормално сега сум ироничен, сега се крие бидејќи не може да обезбеди вакцини за граѓаните заради неговата неспособност, а и дали тие што ги добиле одреден број на вакцини ги поделиле преку врски на одредени луѓе? Жив срам и жива брука што нема вакцини и ги лажат граѓаните, а тоа чини животи на граѓани кои умираат секојдневно.

И уште еднаш прашувам дали Филипче и Заев сега ќе им се извинат на граѓаните за манипулациите и лажењето и тоа што не можат да им обезбедат вакцини или пак затоа што најверојатно вакцинираат илегално и ние дознаваме од премиери на други држави?, рече Арсовски во своето излагање.

Најнови вести