Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања.
Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 – 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.
При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите се користат за потребите на анализите на институтот.
Од анкетираните граѓани дури 56,2 проценти одговориле дека за спроведување на пописот е потребен политички консензус, додека 35,4 проценти од анкетираните одговориле дека нема потреба од политички консензус.
Одбиле да дадат одговор 6,7 проценти, додека не знаат само 1,7 проценти од испитаниците.
- Дали сметате дека потребен е политички консензус за оддржување на попис?