Бојана Родиќ која е сестра на сопругата на Вељко Ражнатовиќ веќе сите добро знаат дека е бремена и дека чека дете со синот на пејачката Гоца Божиновска која има македонско потекло.
По радосната вест која прв пат ја објави парот на Божиќ годинава,сега следуваше и прва заедничка фотографија од парот.
Фотографијата од двајцата ја објави самата Бојана на нејзиниот Инстаграм профил, а двајцата се гушнати и прегрнати.
Идната мајка на фотографијата изгледа одлично, а фановите веднаш приметија и еден детаљ, а тоа е дека се уште не почнала да се „поправа“ во бременоста.