петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски: СДСМ на граѓаните на градот Скопје им ускрати можноста да имаат Универзална сала

Трајановски: СДСМ на граѓаните на градот Скопје им ускрати можноста да имаат Универзална сала

„Универзалната сала е уште една неконзистентност во тврдењата на Шилегов, да не речам лажење на јавноста. Секогаш за било кој проект е претходно направен тој не е добар проект, треба да се прават нови проекти, да се почне се од почеток според Шилегов. Како да Скопје почнува да функционира откако Шилегов е на власт во Градот Скопје, т.е. е градоначалник на Градот Скопје“, појасни Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ при своето јавување на „Утрински Брифинг“.

Трајановски додаде дека проектот за Универзална сала беше направен 2017-тата година уште во мај/јуни и тогаш бидејќи се уште беше тој градоначалник отишол кај Алаѓозовски кој што беше веќе министер за култура. Му го однел проектот и му кажал на Алаѓозовски дека проектот за Универзална сала може само тој да го реализира бидејќи тој бил во тоа време министер за култура. Но Алаѓозовски ништо од тоа не стори.

„Во секој случај на граѓаните на Градот Скопје им се ускрати можноста да имаат Универзална сала“, нагласи Трајановски.

Трајановски посочи дека се изгубија три години, а проектот остана во фиока како многуте други проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Тие проекти никогаш не се реализираа бидејќи беа предвидени од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не ги направи за доброто на граѓаните.

Најнови вести