Откако пред десетина дена, на Клиниката за нефрологија беа заразени повеќе од 20 вработени истовремено, сега телевизија 24 пренесува дека тројца лекари и една медицинска сестра од инфективното одделение во Скопје се позитивни на коронавирусот.
Како што информираат, сите се со полесни симптоми и се на домашно лекување.
Министерството за здравство информира дека моментално нема нов кластер на заболени од коронавирусот на скопските клиники.