Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директор на НУ Театар Комедија.
Министерството за култура соопштува дека поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија.
-При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура. До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот, соопштуваат од Министерството.