среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зибери соопштува: Пред докторите и работниците, први ќе се вакцинирале пратениците

Зибери соопштува: Пред докторите и работниците, први ќе се вакцинирале пратениците

Арбен Зибери, претседател на Комисијата за здравство во Собранието, гостуваше во Студио 10 и рече дека имаме многу луѓе кои ги поминале вирусот и дека не сме во почетна фаза. Тој вели дека цела година имаме некоја скала на колективен имунитет, но и со вакцините ќе се постигне баланс и да се врати нормалниот живот и тие ќе се даваат на оние кои ја немале болеста, објави ТВ24.

– Во февруари ќе почнеме со давање на вакцината и земјите каде е почната вакцинацијата се членки на ЕУ. Во Србија се користат кинески вакцини и има претставништво „Фајзер“. Фокусот на Фајзер и сите компании сигурно е поголемиот пазар и ова е глобален проблем, вели Зибери.

Зибери смета дека пратениците треба да се вакцинираат за да може да функционира Собранието, но и оние кои не ја имале болеста и немаат антитела.

– Јас имам антитела и нема потреба да се вакцинирам, зошто ја имав болеста, вели Зибери.

Тој смета дека во неколку земји веќе се зборува за лек против вирусот, не само вакцина, зашто не е сигурно колку ќе штити вакцината и колку ќе трае.

Најнови вести