вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска:Димитров треба да се плаши зошто ги урниса преговарачки позиции на државата

Пешевска:Димитров треба да се плаши зошто ги урниса преговарачки позиции на државата

Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање за интерпелација на Никола Димитров кажа дека претходната интерпелација на Димитров се случуваше кога беше поминат договорот од Преспа низ собраниски процедури кои беа прекршени и после волјата на референдумот и Преспанскиот Договор кој беше објавен без потпис на претседателот и тоа претставува повреда на Уставот.

Ве слушам ги величите вашите допринеси за надворешната политика, но за потсетување на јавноста кога беше минатата интерпелација, тоа се случуваше во период кога веќе беше поминат Преспанскиот Договор низ собраниските процедури кои беа прекршени и после непочитувањето на волјата на народот на референдумот, кога не беше исполнет уставниот услов за излезност од над половина плус еден од запишаните избирачи и плус одлука од ДИК за неуспешен референдум продолживте со процесот. Па така Преспанскиот Договор беше објавен без потпис на претседателот на државата што исто така е повреда на Уставот. Спротивно кажав на волјата на народот во исто време преку кршење на Уставот и законите и тогаш предочивме дека може да има несогледливи и штетни последици кои може да влијаат на евроинтеграциските процеси на Република Македонија. Видовме како имавме увид и ние како пратеници и граѓаните за се што следеше со Бугарија односно за волја на вистината добивавме информации само од медиумите повеќе од бугарската страна отколку од овдешната влада. Додека вие немавте доблест и храброст да реферирате пред македонското Собрание и не се појавивте на двете комисии за надворешна политика овде во Собранието гледавме во Бугарија за пример како вицепремиерот и министерот за надворешни работи реферира во тамошното Собрание. Од нашата изјава овде се даваа различни изјави во јавноста како да се членови на различни влади или на влади на различни држави, и таков ви е ставот за надворешната политика со милион варијации во изјавите. Своевремено меморандумот со Бугарското Собрание или Анекс кој беше своевиден диктат за кој велевте постои па не постои за на крај да видиме дека влезе во преговарачката рамка. Значи постоел и сега го викате акциски план од 12 точки кој содржи негација на јазик, историја а со тоа и идентитет на македонскиот народ, истакна таа.

Понатаму Пешевска зборуваше и за изјава на Димитров каде потенцираше дека Димитров треба да жали и да се плаши затоа што ги урниса преговарачките позиции на државата.

Во 2016 велевте дека без преговори не можеме да разговараме за ЕУ перспектива и да за ова треба да жалите и треба да се плашите бидејќи ги урнисавте преговарачките позиции на државата и ги поместивте црвените линии, додаде таа.

Најнови вести