вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Даштевски за Курир: Институциите молчат на барањата на ДИК, нема средства за законската обврска „фингерпринт“

Даштевски за Курир: Институциите молчат на барањата на ДИК, нема средства за законската обврска „фингерпринт“

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски вели дека одличниот состав кој го има ДИК е предуслов за успешна работа.

– Во мојата првична изјава реков ќе работиме професионално и одговорно, стручно. Се работи за многу добар состав на ДИК бидејќи се искусни, дел од нив имаат и повеќе годишно искуство. Одличен состав, тоа е првиот предуслов да се извршува работата успешно, вели во телефонска изјава за КУРИР, Даштевски.

По однос на изјавата на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која дадена за МИА во која вели дека очекуваат новиот состав на ДИК да ги извршува своите должности согласно законите, Даштевски посочува дека очекуваат одлична соработка со нив. Одлична соработка, првиот човек на ДИК, очекува и со мисијата на ОДИХР како и со целата меѓународна заедница.

Даштевски сепак потенцира дека не е можно извршување на законските обврски доколку затајува соработката со институциите во државата. Тој за Курир вели дека активно се подготвуват за локалните избори, но открива и со какви проблеми се соочуваат.

– Не е можно извршување на законските обврски без соработка со државните институции во Република Македонија, истакнувам уште претходниот состав пред донесување на буџетот побарал средства за извршување на законската обврска позната како „фингерпринт“ која е донесена во февруари минатата година со измени и дополнувања на законот, каде стои дека за локалните избори мора да биде спроведена. Пари во буџетот не се одобрени и по изборот и доаѓањето на овој состав поднесено е барање за одобрување на средства со трансфер на пари, потоа и јас лично поднесов барање со ургенција. Се уште немаме одговор од институциите. Доколку Министерство за финансии не реагира може да биде доцна и изборната комисија се ослободува од одговорноста за извршување на оваа обврска. Оваа обврска треба да се спроведе поради зголемување на степенот на демократија во избирачкиот процес. Од првите избори до денес имаме проблеми со постоечкиот начин на спроведување на изборите, вели Даштевски во изјава за Курир.

По однос на најавите за евентуална промена на изборниот модел, претседателот на ДИК вели дека планирани се повеќе измени за кои најверојатно нема да време да се реализираат. Тука е моделот на една изборна единица и отворените листи.

Даштевски нагласува дека законот не може да се смени во насока да не се спроведе, а посочува дека одговорна за спроведување на изборниот процес е ДИК.

Во интервјуто за МИА, прашан дали се прифатливи измени во изборното закодавство во изборна година, како и најавите за евентуална промена на изборниот модел, Која посочува на препораката на ОДИХР (Канцеларија за демократски институции и чевекови права на ОБСЕ) тие да се случат најмалку шест месеци пред одржувањето на изборите.

-Според ОДИХР, препорачливо е изборниот закон да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Низ годините, ОДИХР има дадени голем број препораки за подобрување на изборниот процес во Северна Македонија. Во нивниот последен извештај за ланските предвремените парламентарни избори, Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законската рамка за изборите што треба да се решат, нагласува Која.

Тој појаснува дека ОДИХР не препорачува специфичен изборен модел, а земјите учеснички во ОБСЕ користат широк спектар на разни изборни модели и разни системи за спроведување на изборите, клучно е, нагласува, да се обезбеди инклузивност на процесот за изборна реформа.

Најнови вести