По цели 11 месеци пауза поради пандемијата со коронавирусот која што го зафати целиот свет, конечно летовите меѓу Скопје-Атина се враќаат.
Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ соопшти дека од понеделник, 15 февруари летовите Атина – Скопје повторно продолжуваат со работа.
Според плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија, превозникот планира да ги врати летовите Атина-Скопје во наредните 10 дена, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“.