Во врска со одржаниот состанок во просториите на ЈЛБ “Илинден” Делчево вчера на кој што гостин беше Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во организација на највисоките функционери на СДСМ во Делчево, своја прес конференција во јавноста имаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.
Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Кирчо Анастасов го прозва Николовски како и функционерите на СДСМ во Делчево за злоупотреба на салата за венчавки и просториите на градската библиотека за одржување на партиски состанок на СДСМ и за ажурирање на партиско членство.
Во продолжение во целост нја пренесуваме прес конференцијата на Кирчо Анастасов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево:
“Почитувани сограѓани, претставници на медиумите,
Вчера локалните функционери на СДСМ засилени со генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, ја претворија салата за венчавки во Спомен домот АСНОМ Делчево во партиски штаб каде што одржуваат состаноци и ажурираат партиско членство.
Синоќа Министерот за корупција Николовски, како што беше именуван неодамна на една национална телевизија, на социјалните мрежи без никаква обзирност за функцијата што ја врши и без ни најмало чувство на одговорност, одржа партиски состанок во просториите на Јавната локална библиотека “Илинден” Делчево.
Човекот кој што е платен со пари на граѓаните за да се справува со корупција во државата вчера во Спомен домот АСНОМ изврши груба партизација на јавните простории на ЈЛБ “Илинден”со амин на највисоките функционери на СДСМ во Делчево кои беа присутни на состанокот.
Злоупотребата на јавни општински ресурси на сите граѓани, во интерес на СДСМ е дотолку поголема затоа што овие простории во кои синоќа беа истакнати партиски симболи и иконографија,
секојдневно ги посетуваат најмладите делчевчани кои што сакаат да позајмат книга за читање од библиотеката во Делчево.
Во недостиг на конкретни политики за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, СДСМ во криза го прави она што најдобро го знае: Партизацијата на институциите и злоупотреба на јавни ресурси за остварување на нивна партиска агенда и корист.
Ваквата политика на СДСМ од типот “државата- тоа сум јас” мора да престане, а одговорните лица за ваквата пракса треба да сносат одговорност во најкус можен рок.”