Во изминатото деноноќие вкупно 35 лица од општините Кратово и Крива Паланка не ја почитувале мерката за задолжително носење заштитна маска, информираат од Секторот за внатрешни работи – Куманово.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на Министерство за внатрешни работи – СВР Куманово, за периодот до 8 февруари до полноќ, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 85 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 50, во Крива Паланка 20 и во Кратово 15. Против лицата кои не ја почитувале уредбата ќе следуваат соодветни мерки, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.
Инаку, во Општина Крива Паланка каде се регистрирани и случаи од соседната Општина Ранковце, во моментот има 35 активни случаи со Ковид-19, а од почетокот на пандемијата се заразиле вкупно 739 слуаи.
Во Кратово во моментот има 24 активни случаи, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 238.(МИА)