сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Трагичната смрт на ѕвездата го шокираше светот пред 9 години: Зад сценското светло, таа минуваше низ кошмар кој ја чинеше живот

Трагичната смрт на ѕвездата го шокираше светот пред 9 години: Зад сценското светло, таа минуваше низ кошмар кој ја чинеше живот

Легендарната американска пејачка Витни Хјустон почина на денешен ден пред девет години.

Поминаа девет години од трагичната смрт што го преплави светот на музиката со тага. Веста дека музичката дива Витни Хјустон почина откако беше пронајдена во бесознание во кадата од хотелската соба во која престојуваше, ги остави сите без здив. Нејзините обожаватели уште тагуваат по својот идол.

Во тоа време Витни имаше само 48 години, а лекарите утврдиле дека починала од последиците од давење откако изгубила свест во када полна со вода, откако се предозирала со кокаин.

Таа беше и останува една од најценетите пејачки во историјата, а според Гинисовата книга на рекорди, таа беше најнаградувана на сите времиња со продадени дури 200 милиони албуми.

Таа објави седум од нив, ги освои сите можни светски топ листи со своите синглови и беше наградена со престижната музичка награда Греми.

Таа го издаде својот деби албум „Витни“ во 1985 година, и сè друго е историја.

“I Will Always Love You”, “I Wanna Dance With Somebody”, “Higher Love”, “My Love Is Your Love”, се само некои од нејзините безвременски хитови.

До 1992 година, Витни Хјустон била на врвот на светот, но нејзиниот живот од тој момент почнал да излегува од контрола.

Таа година, пејачката лудо се вљубила и омажила за пејачот Боби Браун. На почетокот, уживале во бракот, љубовта и страста, но за многу брзо, нивниот однос се променил и тоа поради неконтролираната употреба на дрога, која станала центар на нивниот свет.

Кавги, тепачки, непримерно однесување помеѓу сопружниците, неброено многу пати органите на редот морале да ги решаат нивните проблеми. Витни неколку пати го пријавила во полиција, тврдејќи дека ја тепал. Подоцна ги повлекувала тужбите и му се враќала тврдејќи дека не може да живее без него.

Во последните години од својот живот, таа ја загрижи јавноста со својот истоштен изглед, а последниот настап беше во Холивуд на 9 февруари 2012 година. Само два дена подоцна таа замина засекогаш, но сепак живее низ својата музика и безвременските хитови што ни ги остави во наследство.

Ја остави нејзината ќерка Боби Кристина Браун. Следуваше уште една трагедија – таа почина само шест месеци по нејзината славна мајка, на 23-годишна возраст, од последиците од предозирање.

Боби Кристина беше единствено дете на Витни Хјустон и Боби Браун, кои се разведоа во 2007 година. По смртта на Витни, која почина од последици од давење во када за што придонесоа проблеми со срцето и употребата на кокаин, многумина стравуваа за ужалената девојка. Во тагата таа се зближи со Ник Гордон, момчето кое Витни го зеде во својот дом на 12-годишна возраст и го гледаше како свој син. Се верува дека и Боби Кристина беше зависник од дрога, исто како и нејзините родители.

На 9 февруари 2012 Хјустон ги посети пејачите Бренди и Моника, заедно со Клив Дејвис, на пробите на Дејвис за забавата пред Греми наградите во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс. Истиот ден, таа го изведе нејзиниот последен јавен настап, кога ја придружи Кели Прајс на сцената во Холивуд, Калифорнија и ја испеа “Jesus Loves Me”. Два дена подоцна, на 11 Февруари, Хјустон беше пронајдена без свест во сопстената соба 434 во хотелот Беверли Хилтон, потопена во кадата; подоцна беше прогласена за мртва.Причината за смртта не беше веднаш позната. Болничарите од Беверли Хилс пристигнаа околу 3:30 попладне и ја пронајдоа пејачката онесвестена и извршиле вештачко дишење. Хјустон беше прогласена за мртва во 3:55 попладне.

Локалната полиција соопшти дека немало видливи знаци на насилство. На 22 март 2012, иследникот од канцелариите на Лос Анџелес соопшти дека причината за смртта на Хјустон биле давењето и ефектите од атеросклеротичната срцева болест, како и употребата на кокаин. Оттаму изјавија дека количеството на кокаин кое беше пронајдено во телото на Хјустон, посочи дека таа ја користела оваа супстанција непосредно пред нејзината смрт. Резултатите од токсикологија открија дополнителни лекови во нејзиниот организам: Бенедрил, Ханакс, марихуана и флексерил. Смртта беше прогласена како несреќен случај.

 

Најнови вести