среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Пола Скопје утре без струја

Пола Скопје утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај, Карпош и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков“, броеви 25, 27, 29, 31 и 33 во Општина Гази Баба.

Во периодот од 08:45 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ во Општина Сарај.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Крушопек, Општина Сарај.

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Варшавска“ во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Балканска“ и „Жил Верн“, како и корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа, Општина Кисела Вода.