Над 30 ПЦР тестови за кои постои основано сомнение дека не се валидни односно не се извадени од соодветна клиника, денеска се откриени на граничниот премин Деве Баир, од страна на полициските службеници.
iportal дознава дека тестовите ги употребувале патници кои патувале со автобус на туристича агенција Беса од Скопје.
За овие тестови претходно имало добиено сознанија по што се одземени и ќе следуваат кривични пријави.
Неколку патници албански државјани се лишени од слобода и спроведени до судот, а за останатите ќе се прават дополнителни проверки.