Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук пишува дека
-Светскиот Економски Форум објави визуелизации како изгледа светскиот прогрес со вакцинацијата против Ковид19, со секоја држава поединечно на картата на светот.
Првата визуелизација е бројот на дози на 100 лица, при што во земјите со потемна сина нијанса популацијата добива барем една доза на вакцините.
Втората визуелизација ја дава поцелосната слика за напредокот постигнат досега, заради податоците за процентот на луѓе кои ги примиле сите пропишани дози согласно протоколот за вакцинација, па тие држави се обележани со потемно зелена нијанса.
Тоа што е забележително е што Македонија е ЦРНА ДУПКА во Европа!
Ова е уште една релевантна меѓународна институција чии што податоци и визуелизација покажуваат дека Македонија е „обоена во црно“. Тука би нагласил дека и анализата на Транспаренси вели дека во државите каде владее корупцијата, а Македонија веќе е познато дека потона на 111 место, имаат огромен проблем со имунизацијата отколку државите кои што се во погорниот дел од рангирањето.
Ме интересира дали за Љупчо Николовски и ова ќе се брои само како „Перцепција“?, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Светскиот Економски Форум објави визуелизации како изгледа светскиот прогрес со вакцинацијата против Ковид19, со секоја…
Posted by Naum Stoilkovski on Понеделник, 15 февруари 2021