Во време на потполна неизвесност, особено беше важно да се носат вистински одлуки. На Mozzart одлуката гласеше: играта на хуманост продолжува! Дури и кога имаше привремено стопирање на нивното работење, а компанијата имаше огромни загуби, лидерот во приредување на игри на среќа продолжи да ги поместува границите во општествената одговорност.
Донациите пристигаа од недела во недела на различни адреси, а приоритет беше помошта на здравствениот систем во борба против корона вирусот. Компанија Mozzart помогна на 7 болници во државата со вкупно 50.000 евра, а организираше и голема акција во која делеа пакети овошје на здравствените работници.
Во моменти кога постоеше недостиг на слободни кревети во болниците, оваа компанија донираше кревети за интензивна нега во здравствените установи, а здравствените работници говореа дека овој вид на помош многу им значи во лечење на ковид пациентите. Исто така, на Општата болница во Гостивар дониран е инвентар за реновирање на хируршкото одделение во болницата.
„Свесни сме за тешката ситуација во која се наоѓа целата држава и реализиравме бројни акции за поддршка на загрозените, а особено на здравството. Секогаш се трудиме брзо да реагираме таму каде што помошта е најпотребна, а во текот на епидемијата особено е важно сите да покажеме солидарност и да помогнеме на целата заедница да ги преброди овие тешки моменти.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
На самиот почеток на епидемијата, беа доделени средства за набавка на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, беа поделени и пакети со храна на лица од загрозени категории.
Mozzart продолжи и со донации на техничка опрема, па телевизори пристигнаа во многу болници, училишта, градинки, државни установи, домови за стари лица, детски домови… Беа донирани и лаптопи во Клиниката за детски болести во Скопје, на хемато-онколошкото одделение, наменети за родителите на децата кои се лекуваат на ова одделение, за онлајн сеанси со психолог и полесно пребродување на тешката ситуација. Понатаму, лаптоп компјутери беа донирани и во неколку основни училишта, наменети за учениците од социјално загрозени семејства, како би можеле непречено да ја следат онлајн наставата.
ПРОДОЛЖУВААТ РЕДОВНИТЕ АКЦИИ
И во екот на епидемијата, продолжуваат редовните Mozzart акции. Секоја недела се реализираат хуманитарни тикети, а досега добивките беа насочени кон Клиниката за детски болести (донација на прочистувачи за воздух), Домот за деца без родители (финансиски средства), како и финансиска помош на едно дете за операција на раката. Донацијата од месецот на хуманост во декември беше врачена во Домот за деца без родители во Скопје.