Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сарај преку статус на Фејсбук пишува дека четврти ден Горна и Долна Матка немаат автобус.
-Почитувани граѓани,
Четврти ден Горна Матка и Долна Матка немаат автобус. Четврти ден патот е замрзнат и оние граѓани кои немаат автомобил одат пеш 3 км до соседните села па одтаму се качуваат во автобус.
Колку ли еден градоначалник треба да е незаинтересиран за своите граѓани што еден обичен пат од неколку км го остава замрзнат и граѓаните остануваат на милост и немилост.
Еве сонцето изгреа, денес ќе биде времето погодно за топење на мразот по улиците па Петре Шилегов и неговите заспани институции ќе нема потреба да се грижат за граѓаните на Сарај.
Никогаш повторно лош татко на градот Скопје, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Почитувани граѓани,
Четврти ден Горна Матка и Долна Матка немаат автобус. Четврти ден патот е замрзнат и оние граѓани…
Posted by Мартин Стојановски on Вторник, 16 февруари 2021