вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сакаше да се самоубие поради дебелината, а потоа ја зема судбионата во свои раце: Погледнете како изгледа денес (ФОТО)

Сакаше да се самоубие поради дебелината, а потоа ја зема судбионата во свои раце: Погледнете како изгледа денес (ФОТО)

Нејтан Присли имал само 18 години кога испил 30 апчиња и пробал да се самоубие. Сепак се покажало дека тоа биле премалку апчиња за неговата тежина. Во тој момент тежел 165 килограми и тоа била главната причина што пробал да посегне по животот.

Момчето од Норфолк во тој период толку многу пател што речиси воопшто не излегувал од дома поради останатите деца од училиштето кои постојано го навредувале и го викале Џаба Д’Хат.

Сепак неговиот живот речиси целосно се сменил по обидот за самоубиство во 2011 година. Тој одлучил да престане да се сожалува и да го смени начинот на кој живее. За само две години смалил 75 килограми и денеска работи како персонален фитнес тренер.

-Секогаш бев премногу дебел, а како растев, навредите во училиштето само допринесуваа за моето дебелеење бидејќи јадев за да се утешам,  вели 21-годишниот Нејтан кој некогаш бил „зависник од шеќер“, а потоа решил целосно да ги исфрли слатките од својот живот.

Додава дека откако ги исфрлил чоколадата, чипсовите и брзата храна од менито, почувствувал симптоми слични на грип, но набргу слатките ги заменил со индиски оревчиња и преминал на храна со малку јаглехидрати. Во следните осум месеци губел по 6 килограми месечно.

Следното што му се случило е она што им се случува на оние што ќе ослабат многу за кратко време – ослабена мускулатура и вишок кожа. Затоа во 2013 година почнал со вежбање, а денеска планира да се пријави на бодибилдинг натпреварувања.

-Сакам да покажам што е возможно да се постигне ако вистински сакате. Сега сум многу посреќен и се чувствувам дека сум на подобро место отколку пред три години. Сакам на луѓето да им покажам, дека без оглед на тоа колку ме навредуваа и напаѓаа, не можат да ме уништат, како и тоа дека можам да постигнам многу повеќе од нив,  вели Нејтан.