Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека Златко Марин врши притисок кон неистомислениците и опозицијата.
-До Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром:
Немој да се криеш зад општинската администрација и да ја злоупотребуваш за партиски соопштенија! Ако си отчетен и одговорен, уште повеќе ако сметаш дека си во право има начини како тоа лично да го направиш.
Општина Аеродром, за изнесените лични квалификации, навреди и клевети, како општина во која што плаќам данок, барам јавно извинување, во спротивно постојат правни мерки.
Ова партиско соопштение испратено преку официјалната интернет страна на Општина Аеродром го покажува притисок на Златко Марин и на СДСМ кон неистомислениците и опозицијата. Ова е уште еден доказ за хибридниот режим и доказ за партизацијата и злоупотребите од СДСМ на администрацијата.
П.С. Марин, СДСМ Аеродром, се гледаме повторно вечерва, стои во неговиот пост на Фејсбук.
До Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром:
Немој да се криеш зад општинската администрација и да ја…
Posted by Naum Stoilkovski on Вторник, 16 февруари 2021