Општина Аеродром денеска, наместо информации за граѓаните, лиферуваше чисто партиско соопштение на СДСМ! Срамно и понижувачко соопштение, во кое наместо аргументирани факти, на прозивките од ВМРО-ДПМНЕ одговори со лични навреди и дисквалификации кон мене како портпарол на партија, но и како личност, но и како граѓанин на истата таа општина каде што плаќам данок! Сета јавност, домашна и меѓународна, денеска беше сведок на срамна злоупотреба на општинската администрација и општинската интернет страница, кои што треба да бидат во служба на сите граѓани, па и за мене!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во Коментар на денот.
-Златко Марин криејќи се зад општинската администрација, вели дека општината ќе тужи КРИВИЧНО – што според закон е невозможно – за лажно обвинение за ангажман на ПР-агенција во текот на мандатот, односно три ипол години!
Ова е исечок од прилог во вести! Значи Има склучено договор, Општината тоа го потврдува за медиумите, најмалку 12 медиуми пишувале за тоа, а никој од нив не е тужен за клевета. Марин, сега лично објасни зошто преку општинското соопштение велиш дека нема ангажман на ПР-агенција во изминатите три години, па до денес?
Преку општинско соопштение, Златко Марин, премижува дека ЗНМ побара ПОВЛЕКУВАЊЕ на огласот за новинари, и не ја прифаќа оценката дека, цитирам „влијае на објективното новинарство“ и го нарушува кревкиот медиумски пазар, дека може да се гледа како поткуп со јавни пари за да се влијае на медиумски содржини, дека е непристоен преседан, со кој што се руши објективноста на медиумските известувања и дека страда јавниот интерес. Ова Марин и СДСМ го занемаруваат, и злоупотребуваат општинска администрација да се сокријат зад нив!
Златко Марин, не се криј зад општинската администрација. Не ја злоупотребувај општинската интернет страница за партиски соопштенија! Ако си отчетен и одговорен, уште повеќе ако сметаш дека си во право има начини како тоа лично да го направиш. Ова соопштение денеска лиферувано од Општина Аеродром е само уште еден доказ за хибридниот режим на СДСМ на сите нивоа, и доказ за партизација, кронизмот и злоупотребите од СДСМ на администрацијата повторно на сите нивоа, од локално до централно, подвлекува тој.