понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ветувањата беа само евтин трик: Власта не мрда со прст за мизеријата со која се соочуваат студентите (ФОТО)

Ветувањата беа само евтин трик: Власта не мрда со прст за мизеријата со која се соочуваат студентите (ФОТО)

Проблемите на студентите од студентските домови во Скопје никако да се решат. Храната, греењето, топлата вода, интернетот се само неколку од многуте проблеми со коишто студентите се соочуваат секојдневно. Ветувани им биле многу работи, но речиси ништо од тоа не е исполнето.

Изреволтираните студенти бараат помош од надлежните да им се решат проблемите, а тие како што велат студентите немаат слух за нивните основни потреби и барања.

До редакцијата на КУРИР се обратија неколку студенти од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје кои од многу јасни причини сакаат да останат анонимни, собраа храброст и ни ги раскажаа нивните ситуации од секојдневието во кои што основните потреби речиси и да им се скратени во домот. Ни испратија и фотографии кои ја отсликуваат реалната слика на животот во студентски дом. Во продолжение ви ги пренесуваме нивните изјави во целост:

„Секоја година е исто, управата се менува, секој кога доаѓа на функција проблемите и одговорностите ги префрла на претходната управа . Во овој период кога температурите се под нулата, ние немаме парно и доколку немаме дополнителен извор за затоплување како на пример греалка ќе смрзнеме. 90 % од тоалетите и тушкабините не се реновирани, а на Фејсбук поранешниот директор Дарио Николовски пред да се вселиме во домот, објави како се било средено и реновирано во домот, а реалноста е токму спротивна. Освен тоалети на два спрати од седум спрата, ништо друго буквално не е реновирано“, вели во изјава за КУРИР една студентка од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

 

 

 

<strong>Фејсбук објава на Дарио Николовски</strong>

 

Реалноста во студентските домови:

„Храната е катастрофална, има периоди кога е добра, а тоа го користат само за да не замолчат кога ќе наслушнат дека почнуваме да се буниме. Во една недела се случува 5/6 оброци да се исти, значи тие изјави за нутрициони вредности уште од прв момент им пропаднаа во вода. Топла вода за нас е како Нова Година. Буквално е тепачка кој прв да се бања. А да не зборуваме за тоалетитите и туш кабините, вода капе од секаде, нечисто, нереновирано, над нас во туш кабините има даски кои кај и да е ќе паднат, и некој сериозно ќе се повреди. Сијалица ретко кога има, така да секогаш гледаме на дневна светлина да се бањаме. Никој не реагира на нашите барања“, вели друг студент во изјава за КУРИР.

Од страна на персоналот во кујната им кажувале дека тоа е единствената храна која ја имаат, бидејќи тендерот не бил објавен навреме.

Ова истото за Фактор.мк го има потврдено и директорот на Државниот студентски центар, Виктор Велевски и притоа изјавил:

„Реално што сакаат да добиваат за таа цена? И онака за 80 oтсто од студентитe оваа сметка ја плаќа МОН.“

Во време на пандемија од коронавирус кога испитите и предавањата најчесто се одвиваат онлајн, студентите во домот немаат интернет. За тоа раскажа еден од студентите:

„Со интернетот постојано имаме проблем, 21 век а ние немаме интернет. Во време на пандемија кога предавањата и испитите ни се комбинирани – пола физичко присуство и пола онлајн, ние немаме услови да следиме настава и да присуствуваме на испитите. За викендите е посебна приказна. Избор на храна секако нема, има само еден оброк и ако тој не го јадеш ќе си останеш гладен.“

 

Магдалена Андонова

 

 

Најнови вести