четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исчезна пациентка од Клиниката за онкологија, семејството ги моли граѓаните за помош

Исчезна пациентка од Клиниката за онкологија, семејството ги моли граѓаните за помош

Облечена во тенка блуза, тегет тренерки и розови папучи, пациентка по име  Ленка Најденова (70) излегла од Клиниката за онкологија вчера попладне незабележана од никого, ниту од обезбедувањето ниту од медицинскиот персонал и се упатила во непознат правец. Семејството преку Слободен печат упатува апел до граѓаните доколку ја забележат исчезнатата жена која инаку е од Крива Паланка, а на Клиниката за онкологија требало да остане хоспитализирана, да пријават во најблиската полициска станица и да ја задржат.

Жената излегла од Клиниката за онкологија околу 15 часот попладнето.

-Тетка ми ја нема цела ноќ. Од полиција ни кажаа дека ја забележале кај две амбасади но не ја препознале и не ја задржале. Цимерката со која беа во соба ни кажа дека заедно биле на зрачење, немала негативни појави од тоа и затоа е многу чудно ова што се случи. Не е дека не сакала да се лекува, зашто беше среќна што беше примена на клиниката и што ќе прими терапија, рече за Слободен печат Маја Дурмишовска од Скопје.

Најнови вести