Продолжува недомаќинското работење на Петре Шилегов. Скоро 1,5 милиони евра ќе се потрошат за реконстрикција на Кеј 13-ти Ноември, реагират од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
Според проектот ќе се врши партерно уредување на кејот, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до зградата на „Телеком“. Предвидено е отстранување на старите и оштетени плочки, клупите, корпите за отпадоци, канделабрите, како и крајните жардиниерите кои се еден вид ограда. Издрадба на улица од Холидеј ин до зградата на Телеком останува а ветувањата за комплетна пешачка зона се заборавени од Шилегов.
Се отстрануваат и летните тераси од средишниот дел кој важеа за главно место за уживање посебно во летниот период. Дали со ова Шилегов и СДСМ сакат да ги избркаат Скопјани од централното градско подрачје, нешто што континуирано го прават во изминатите 3,5 години.
Зошто се прави сега оваа реконструкција не е познато но треба да се земе во предвид дека под оваа траса треба да поминува подземната сообраќајница од Владата до Комплексот банки за која потребно е целосно откопување на овој простор и повторно враќање во првобитна состојба. Оваа реконструкција е времен карактер а финансиските срадства можеше да се потрошат на пример за булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Драчево.
Скопјани остануваат без омиленото место за пиење кафе, ручек и вечерно дружење. Како визуелно ќе изгледа ќејот останува тајна а граѓаните и вистинската стручна
јавност повторно остануваат неконсултирани, стои во Фејсбук објавата на комисијата.