По речиси 10 дена инаетење, закани со тужби, злоупотреби на општинскиот информативен портал, бегање од укажаното од ЗНМ, со изговор „бараме модалитет за огласот“, цела недела навреди кон политички неистомисленици- Златко Марин го повлече огласот за платени, наградени новинарски стории. Што е ова ако не признавање дека постапил неетички, дека објавил неетички своевиден поткуп за новинари и за медиуми?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во „Коментар на денот“.
-И токму морално поразениот Марин повторно го злоупотребува порталот. Информацијата за повлекувањето не постои како посебна содржина, иста како и огласот, ја нема како посебна вест, на соодветно место и со соодветен третман, не е видлива информација за сите, туку е затскриена во еден мал агол, веројатно со намера брзо да исчезне.
Затоа пак информацијата онаа спорната за распишаниот оглас, се уште стои на истото место, не е тргната како информација, се уште привлекува внимание на новинари и на медиуми заради високите понудени суми.
Златко Марин не е во состојба ниту спортски да признае вина, да постапи навистина како што доликува, да го отстрани огласот како содржина на порталот, а информацијата за повлекувањето да ја стави на првата страница, како што доликува за да ги информира навремено медиумите и новинарите да не се поведуваат по претходниот оглас.
Тоа што посебно загрижува е што во информацијата за повлекување никаде не стои како и зошто е донесена таа одлука? Одлуките објавени на информативниот општински портал мора да содржат образложение: зошто се донесени и што е поводот за нив, тоа Марин и неговата општинска партиска администрација што го води интернет порталот на Аеродром го знаат. Исто како што знаеја да дадат образложение за распишување на огласот.
Така е Марин, сега останува, да им објасниш на тие во политичката администрација вдомени во општината за да го присвојат општинскиот портал за партиски потреби, да одговорат за повлекувањето на огласот на истите прашања кои што ми ги поставуваат лично до мене преку општинскиот портал ќе пренесам неколку за пример:
-Дали повикот за новинарска сторија е повлечен затоа што е прекршена некоја законска одредба?
Или дали сега со повлекувањето сметате дека треба и ЕУ и други меѓународни или невладини организации да не распишуваат повик за да не влијаат врз уредувачката политика?
Доблесно е и Златко Марин, по повлекувањето на огласот, да ми се извини за квалификациите пренесени од општинскиот портал, како квазиновинар, зависен новинар, последен што има право да се повикува на етика и на морал во новинарството упатени лично до мене. А тоа да содржи и одговор дали со тоа што укажав дека огласот е неетички и е своевиден поткуп, се уште сметаат, Златко Марин и неговите во администрацијата дека тоа се паушални обвинувања, и папагалско повторување на малверзации, како што ми напишаа во соопштението на општина Аеродром, или тие навистина се претворија во вистина?
Неговата администрација очекувам преку ист формат како и навредите, да ми се извини посебно.
Марин, сега останува да исплива и вистината на Договорот вреден 73.000 евра склучен со маркетинг агенција, додава Стоилковски.