петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО+ФОТО: Нови Сад се прости од Балашевиќ, се наликувало на концерт на кој само него го немаше

ВИДЕО+ФОТО: Нови Сад се прости од Балашевиќ, се наликувало на концерт на кој само него го немаше

Нови Сад вчеравечер се прости од кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ кој почина на 19 февруари на 67 годишна возраст.

На панонскиот морнар му оддадоа почит со церемонија наречена „Ноќта кога Ѓоле го преплива Дунав“. На церемонија присуствуваа огромен број граѓани, се слушаа неговите песни, а кон небото беа пуштени и хартиени лампиони.

Неколку чамци кои запловија по Дунав носеа бакли, а на тврдината беше проектирана слика на Балаѓевиќ со неговиот потпис. После секоја негова пуштена песна, луѓето аплаудираа. Се наликувало на проштален концерт на Балашевиќ на кој само тој не присуствуваше.

Најнови вести