недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Oсвен македонско, не поседувам никакво друго државјанство- Джамбазки што поскоро да прифати дека постои Република Македонија во која живее македонски народ

Пешевска: Oсвен македонско, не поседувам никакво друго државјанство- Джамбазки што поскоро да прифати дека постои Република Македонија во која живее македонски народ

Претседателката на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска со реакција на објава на бугарскиот политичар Ангел Джамбазки.

-РЕАКЦИЈА НА ОБЈАВАТА НА БУГАРСКИОТ ПОЛИТИЧАР АНГЕЛ ДЖАМБАЗКИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, ПОВРЗАНА СО МОЕТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!
После грандиозниот настан на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод денот на мајчиниот јазик и 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, денес бугарскиот политичар Ангел Джамбазки на својот профил на социјалните мрежи објавил слика, извадок од избирачки список на кој меѓу другите стои и името и презимето Жаклина Пешевска. Во својата објава Джамбазки алудира дека на тој избирачки список сум јас. Одговорно и јавно тврдам, дека освен македонско, не поседувам никакво друго државјанство, за што слободно може да се провери од страна на институциите. Лицето со исто име и презиме како моето во Република Бугарија е случајност.
Ваквите и слични на овие лажни вести нема да ме демотивираат, и ќе продолжам да одам по патот по кој заедно со многу жени од Република Македонија чекорам.
А на почитуваниот Джамбазки му порачувам, дека е добро што поскоро да прифати дека постои Република Македонија во која живее македонски народ кој говори македонски јазик и има своја историја, култура и идентитет како своја национална посебност.
Со почит,
Жаклина Пешевска, напиша таа на Фејсбук.

Најнови вести